![geramnija ep 2020](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/geramnija-ep-2020.jpg?resize=663%2C400&ssl=1)
На Европското првенство во ракомет вечерва се одиграа првите два натпревара на кои победи забележаа селекциите на Белорусија и на Германија.
Во А-групата, Белорусите ја совлада Србија со 35:30 и направија голем чекор кон втората фаза на шампионатот.
Фаворитот Германија не дозволи изненадување на отворањето во Ц-групата и триумфираше над Холандија со убедливи 34:23.
Првото коло во овие две групи ќе се комплетира вечерва по одигрување на натпреварите Хрватска – Црна Гора (А-група) и Шпанија – Летонија (Ц-група).