Канада добила од САД разузнавачки информации дека Иран го соборил украинскиот „Boeing“

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави во четвртокот дека неговата земја располага со разузнавачки информации коишто наводно укажуваат дека авионот „Boeing 737-800“ на украинската воздуопловна компанија МАУ во средата утрото над Техеран бил случајно соборен од иранска ракета, кога животите ги загубија 63 канадски државјани, што е спротивно на претодните изјави на канадски разузнавачки извори.

Претодно телевизијата CBS соопшто дека Вашингтон ѝ предал на Отава разузнавачка информација којашто наводно ја потврдува верзијата дека причината за уривањето на украинскиот патнички авион „Boeing 737-800“ е оган од ирански противвоздушен ракетен систем.

„Во последните часови ни предадоа важни пораки во врска со инцидентот… Располагаме со разузнавачки инфроамции од неколку извори кои укажуваат дека авионот бил соборен од иранска ракета земја-воздух“, изјави канадскиот премиер Трудо на прес-конференција.

Додаде, без дополнителни појаснувања, дека според добиените информации, авионот бил соборен ненамерно.

Овие информации се појавија во четвртокот, откако претходно во средата доцна вечерта извор од канадското разузнавање за агенцијата Reuters изјавил дека првите процени на западните разузнавачки служби покажуваат дека украинскиот патнички авион кој во средата се урна во Иран не е соборен од проектил. Соговорникот на агенцијата, која сакал да остане анонимен, рекол дека разузнавачките служби на Западот веруваат дека „Boeing 737“ имал технички проблеми. Авионот го минал последното редовно техничко одржување ан 6-ти јануари 2020 година, објави украинската компанија.

Во четвртокот претпладнето секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украна,  Алексеј Данилов, во коментарот за изданието Цензор.нет, рече дека се разгледува и опцијата дека авионот наводно бил погоден со противвоздушна ракета „Тор“ од руско производство. Покрај тоа, Данилов додаде дека  се проучува и можноста на судар на авионот со беспилотно летало или друг летачки објект, верзијата за дефект и експлозија на моторот од технички причини, како и експлозија во авионот како резултат на терористички чин.

Претходно во четвртокот Организацијата за иранско цивилно воздухоплоство (CAO) во својот прв извештај, повикувајќи се на очевидци од земјата и од воздух, објави дека авионот „Boeing 737“ кој се урна во средата утрото во Техеран се свртил за да се врати на аеродромот откако забележал „проблем“, а потоа се запалил.

Авионот се урнал набрзо по полетувањето од Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци. Од Техеран полетал во 6,10 часот по локално време кон Киев, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите уривајќи се недаелку од иранската престолнина.

Украинската амбасада во Техеран го промени првичното соопштение за причините за падот на авионот во Иран, во кое терористички или ракетен напад се исклучуваа како причина за несреќата и падот на украинскиот авион. Амбасадата во второто соопштение наведе дека причините за инцидентот се „дефект на моторот поради технички причини“, како и дека се „разјаснуваат“, и оти претходните соопштенија за причините за несреќата „не се официјални“.