Кина ги критикува едностраните санкции на САД против Иран

Кина во понеделникот се спротистави на новиот круг еднострани санкции на САД против Иран, а портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, порача дека економската соработка на Пекинг и Техеран е во согласност со меѓународното право и оти не ги нарушува интересите на другите земји.

Кризата меѓу САД и Иран ескалираше по американското убиство во Багдад на иранскиот генерал Касем Сулејмани, на што Иран одговори со ракетирање на базите во Ирак во кои се сместени американски војници. Вашингтон на ракетирањето одговори со санкции врз 17 ирански компании во рударската и металопреработувачката индустрија, како и за странските бродовои кои се вклучени во набавките и транспортот на нивните производи. Санкции се воведен за уште осум високи ирански функционери.

„Подолг период Кина и Иран, во рамките на меѓународното право, остваруваат заемно корисна соработка во сите области, таа е легална и не ги поткопува интересите на трети земји. Тоа мора да се почитува… Ја повикуваме американската страна веднаш да престане со своите погрешни активности во форма на санкции во однос на кинеските компанија“, изјави на брифингот Ген Шуанг, коментирајќи ги новите американски санкции, под чиј удар се најдоа и кинески компании.

Истакна дека принципиелниот став на кинеската страна е јасен и дециден,

„Постојано истапуваме против едностраните санкции и ткн екстериторијални јурисдикции. Сметаме дека постојаната примена и заканта со санкции на ниеден начин не може да го реши проблемот“, изјави портпаролот на кинеската дипломатија.

Генг Шуанг додаде дека Кина се залага за надминување на спротиставеноста и несогласувањата меѓу земјите преку дијалог и преговори.