Мицкоски до тимот на „Медена земја“: Македонија се промовира со дела, горди сме на вас

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за наградата „Оскар“ на Американската академија за филмска уметност – за документарен филм и за филм од неанглиско говорно подрачје.

По тој повод, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитки до тимот.

-Искрени честитки до тимот на “Медена земја” за феноменалниот успех.
Македонија се промовира со дела, а ние сме горди на вас, напиша тој на својот фејсбук профил.