Власта со кампања за влез во НАТО, ќарот на граѓаните виси во воздух

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, за утре закажа прес конференција, на која според неофицијални информации, темата ќе биде НАТО интеграцијата.

Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Македонија како 30.членка на НАТО сега е сосема извесен. Очигледно е дека според стратегијата на СДСМ, главен момент во кампањата ќе биде членството во НАТО, како некоја најголема придобивка, иако народот освен промената на уставното име, не го почувствува „големиот“ бенефит од ветувањата за подобрување на животот на граѓаните во Македонија.

 

„Слушам дека Владата на СДСМ спремала некоја кампања за влез во НАТО. Ако се знае дека за минатата партиска кампања потрошија еден милион евра, за оваа останува да видиме дали ќе го срушат својот претходен рекорд за најскапо лажење.

Но, кога сме кај НАТО, ќе кажат ли дали ќе има во тие спотови делови од онаа аудио снимка во која се слуша како советник на министер дава наредба да се раскине концесија на езеро? А, ако не го послуша ќе мора да си даде оставка, зошто и тоа ако не го направи ќе мора “да мисли на семејството”?!?“, посочи денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.