
Три години трае битката на жителите од село Гари со институциите, објави „Дома.еду.мк“.
Толку време тие се обидуваат да докажат дека концесијата за детални геолошки истражувања е незаконска. но наместо реакција од надлежните, минатата година Министерството за економија доделило и концесија за експлоатација на минерална вода. Тие стравуваат дека концесионерот ќе го експлоатира и изворот од кој пијат вода со децении наназад, а тоа целосно ќе го уништи селото. Не прифаќаат компромиси, освен одземање на концесијата.