
Откако не успеа да го убеди Трамп да се повлече од напуштање на иранскиот нуклеарен договор, Макрон сега се обидува да го убеди да не ги повлекува трупите од Африка.
– Ако САД одлучи да се повлече од Африка, тоа е лоша вест за нас, рече францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со претставниците на земјите од Сахел – Буркина Фасо, Чад, Мали, Мавританија и Нигер.
Тој додаде дека би сакал да го убеди Трамп дека борбата против тероризмот се одвива и во тој регион.
Американските воени претставници минатата недела посочија дека САД можат да го намалат присуството во Африка.