Владата во заминување доделува тендер на „EuroGames Technology Ltd.“ во висина од 402 милиони денари за 1500 коцкарски машини, па знаете ли што значи тоа по 75 општини, тоа е по 20 апарати по општина на ниво на Македонија. Ако ги тргнеме помалите места, на секоја од скопскиве општини ќе имаме по 100 апарати, а за амбиненталниот воздух ќе речете нема пари 2 милиони евра има годишно, а сега има за 1.500 коцкарски машини, вели пратеникот Владимир Ѓорчев на денешната собраниска дискусија.
Тој истакна дека нема населба во Скопје или маало каде нема коцкарница или казино.
-Кој профитира од тоа? Неколку луѓе, а кој е губитник од сето тоа – илјадници луѓе, луѓе кои имаат по 300 евра плата, а пола плата им оди за тоа. Ние треба да го браниме јавниот интерес, затоа треба да превземеме нешто на оваа тема, вели Ѓорчев.
-Во рок од 5 години околу ново отворено казино, бројот на разбојништва се зголемува за 136%, бројот на агресивни физички напади се зголемува за 91% бројот на ограбени коли се зголему за 87%, бројот на провали за 50%, бројот на силувања, се зголемува 21% бројот на убиства за 12%, сите социјални патологии агресивни напади, наброи Ѓорчев.
Тој исто така вели дека со ова се зголемуваат личните банкроти, се зголемува физичкото насилство, се зголемуваат физичките напади кон жените.
-Во таа микросредина се случува катастрофите, а во Македонија нема населено место без коцкарница и обложувалници, само на Партизанска во Скопје има 20-тина. Малолетници ни влегуваат во овие објекти и наместо парите на книги ги трошат парите на коцка, нашите деца влегуваат таму, последиците ги сносат семејствата, локалните заедници и целата држава, ние треба да бидеме одговорни луѓе. Дали еден објект е казнет или затворен заради влез на малолетник? праша Ѓорчев.