(ФОТО) Од најавената реконструкција во Специјалниот завод во Демир Капија, бојадисани се само ѕидовите

И покрај помпезните најави на власта за наводна целосна реконструкција на Специјалниот завод во Демир Капија, фактичката состојба во моментов во оваа институција е алармантна, условите се нечовечки, констатира по синоќешната посета, техничката министерка за труд и социјална работа од опозициската ВРМО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи,

„Синоќа бев во посета на Јавната установа ,,Специјален завод – Демир Капија”.

За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме исфарбани ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од ’56-та односно ’58-ма година.

Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател.  Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател“, напиша Мизрахи на својот официјален фејсбук профил.