
Селеторот, Луи ван Гал, но и најверните фанови на фудбалската репрезентација на Холандија, повторно мирно дишат откако најголемата ѕвезда во националниот тим, Робин ван Перси, потврди дека повредата која ја заработи на последниот пријателски натпревар против селекцијата на Велс не е од посериозна природа и дека е под знак прашалник неговиот настап на престојниот Мундијал во Бразил.
Бомбардерот на Манчестер Јунајтед се пожали на болка во левата препона во финишот од првото полувреме, а за време на паузата РВП беше заменет со напаѓачот на украинскиот гигант Динамо од Киев, Џермејн Ленс.
„Нема место за никаква паника, нема место за загриженост. Почуствував само мала болка во моите препони, ништо повеќе. Ова не можам да го наречам ниту некаква повреда. Самиот побарав да бидам заменет, без заменет од претпазливост. На сите ни е јасно дека следниот дуел има поголема важност од овој пријателскиот против селекцијата на Велс”, изјави капитенот на Холандија.