
Менаџер на ресторанот, пак, изјавил дека пожарот избувнал само неколку дена откако демонстранти парадирале покрај ресторанот извикувајќи „Смрт за Макрон – смрт за Ла Ротонд“. Пожар избувна во омилениот ресторан на францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз. Се уште се истражуваат причините, но во Франција секојдневно има протести против пензиската реформа која ја предложи Макрон.
Претставничката на француската влада, Марклен Шијап оцени дека протестите против пензиската реформа биле преземени од групи кои се склони на насилство.
Од противпожарната служба во францускиот главен град велат дека пожарот во ресторанот „Ла Ротонд“ бил брзо изгаснат.
Јавното обвинителство започна истрага за да се утврди причината за пожарот, а според францускате Влада, најверојатно станува збор за кривично дело.
Според Шијап, во Франција владее атмосфера на насилство.
-Бунтовничките групи сакаат да завладее законот на насилството, со цел да применат насилство на сите кои не се согласуваат со нив. Тоа е многу вознемирувачко и не е достојно за демократија како што е Франција – рече Шијап.
Менаџер на ресторанот, пак, изјавил дека пожарот избувнал само неколку дена откако демонстранти парадирале покрај ресторанот извикувајќи „Смрт за Макрон – смрт за Ла Ротонд“.