
Дваесет и шест годишниот Кристијан Ниневски е најсреќниот учесник на Водици, кој го извади крстот од водите на Вардар.
„Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок“, кажа Кристијан.