Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески во Тирана учевстувавше на шестата по ред регионална конференција за катастар и земјишна администрација.
Трпески заедно со директорите на Агенциите за Катастар од Западен Балкан потпишаа со Шведската Агенција за Меѓународен Развој – Swedish International Development Agency – SIDA), договор за грант во висина од четири милиони и двесте илјади евра, средства кои ќе бидат наменети за новите стратешки проекти на Агенцијата како што се воспоставување на Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), Регистар на цени и закупнини (масовна проценка) и Графички регистар на улици и куќни броеви.