
Дваесет и деветгодишниот Г.А. од Косово доби кривична пријава поради фалсификување исправа.
Тој на граничниот премин „Александар Велики“ на излез од Р Македонија приложил словенечки пасош, а поради сомнение дека е фалсификуван полицајците извршиле преглед на лицето и багажот.
При претресот кај него биле пронајдени косовска патна исправа и возачка дозвола на Г.А. Од извршеното вештачење е утврдено дека словенечките патна исправа и возачка дозвола биле фалсификувани. Од страна на судија изречена му е казна затвор во траење од една година, а исто така му е изречена и мерка „протерување на странец од земјата во траење од пет години“.