Просечната плата во Словенија се зголеми на 1.235 евра

Според најновите податоци на Агенцијата за статистика на Словенија, просечната нето плата во ноември порасна на 1.235 евра, што е номинално повисока за 10 проценти и реално 9,9 проценти во однос на октомври и 4,1 процент повисока на годишно ниво.

На зголемувањето на платите најмногу влијаеа дополнителните исплати на крајот на годината, како што се божиќните и другите бонуси за работа.

Просечната бруто плата се зголеми за девет проценти номинално, на 1.898 евра, што е реално повеќе за 8,9 проценти во однос на октомври.

Според податоците, 23 проценти од вработените во ноември добиле плата од 724 евра.

Просечната нето плата за ноември се зголеми во секторот електрична енергија и гас (24 проценти), каде што беше највисока (1.975 евра) и во производство (17 проценти).