Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека заради промена на 6 затворачи на водоводна мрежа со пречник 150 мм на Бул. АСНОМ бр. 74 и бр. 78 (до ресторан „Роби“ во насeлба Аеродром), на ден 23.01.2020 год. (четврток), без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од високата и ниската зона од парните броеви од бр. 42 до бр. 118 од истиот булевар во Општина Аеродром.