
Акција за чистење на трим патеката во Парк шумата Гази Баба, денеска беше организирана, по повод светскиот ден на животната средина. На акцијата присуствуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Настанот е во организација на Агенцијата за млади и спорт во соработка со градот Скопје, Општина Гази Баба и Министерствито за животна средина и просторно планирање.