Предлогот на СДСМ за Јавно обвинителство противуставен и неевропски, за Мицкоски е неприфатлив

Новиот предлог од СДСМ за Законот за Јавното обвинителство е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕм бидејќи, како што рече на прес-конференцијата во четвртокот лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, предлогот во неколку наврати го крши Уставот на државата и Обвинителството го става под контрола на власта.

Поради тоа, челникот на најголемата опозициска парти порача дека нема да правата компромис за ваков закон за Јавно обвинителство. Мицкоски истакна дека во ваква форма неприфатливи се голем дел од членовите на законот, како и тоа дека законот  неуставен и неевропски.

Мицкоски рече дека при анализата на предлогот партијата консултирала повеќе правни експерти кои се подготвени да ги бранат забелешките.

 „Зоран Заев е свесен дека нова аболиција, како онаа во „Глобал“ не би поминала. Затоа сега е насочен кон решение кое ќе обезбеди заштита на криминалот преку контролираното, од него, обвинителство“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека нивните забелешки сѐ уште не се доставени до СДСМ и оти тоа ќе го сторат на следниот состанок на работните групи. Посочи дека доколку владејаќката партија ги прифатат забелешките на ВМРО ДПМНЕ, дури тогаш ќе има средба на работните групи.