Црногорските цариници на пристаништето во Бар заплениле 250 килограми кокаин, вреден повеќе од 12,5 милиони евра. Ова е најголемата количина на дрога која некогаш била запленета во Црна Гора.
Владан Јоковиќ, директорот на Царинската управа изјави дека кокаинот е пронајден при рутинска контрола на контејнер.
„Тие контејнери се од Еквадор и од Бар требале да стигнат во Албанија“, рече Јоковиќ.