Караван на празникот на мимозите утре во Скопје

Амбасадата на Црна Гора во Македонија во соработка со Општина Херцег Нови и Туристичката организација на Херцег Нови, организира манифестација „51 – ви Караван на празникот на мимозите“ во Скопје, утре во 13 часот.

На  свеченото дефиле ќе учествуваат мажоретки, кловнови и Градска музика, кои ќе се движат од Музеј на град Скопје по улица Македонија до плоштадот Македонија.

Долж машрутата ќе бидат поставени пултови на кои ќе се делат промотивни материјали за општина Херцег Нови како и традиционалните мимози.

На караванот ќе присуствуваат градоначалникот на град Херцег Нови, Стеван Катниќ и амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ.