
Американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос планира да донира милијарда американски долари на универзитетите за образование на прогонетите заедници и да ја „зајакне демократијата“, објави во четвртокот вечерта на маргините од Светскиот економски форум во швајцарски Давос.
Сорос рекол дека сака да ги поврзе постојните универзитети ширум светот „како одговор на глобалното затоплување, протестните движења ширум светот и политичките трендови“.
Минатата година „најголемите сили – САД, Кина и Русија – останаа во рацете на диктаторите или на оние кои сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарните водачи продолжи да расте“, рекол Сорос на вчерата која ја организира секоја година на Светскиот економски форум во Давос.
Централноевропскиот универзитет (CEU), кој го основаше и финансира Сорос, ќе биде дел од споменатата мрежа. Сорос мораше да ги пресели CEU од Будимпешта во Виена минатата година, по носењето на законот во Унгарија според кој странските универзитети мора да имаат студентски кампуси во матичните земји, а соросовиот нема таков во САД.
Дел од средствата на 89-годишниот Сорос ќе биде дониран за студентите бегалци и имигранти, за затворениците, како и за студентите Роми и Рохинџа.
Сорос и неговата мрежа невладини организации и активисти ги критикуваат светските челниции, како американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Десницата, пак, го обвинува Сорос за финансирање на неолибералните вредности и илегалните масовни имиграции во Европа.