Во Бугарија не е дозволен увозот на болнички отпад ниту од ЕУ ниту од трети земји, изјави бугарскиот министеро за животна средина и вода Емил Димитров за време на дебатата за недоверба на Владата.
Тој увери дека европските регулативи строго се почитуваат во Бугарија.
– Ние не воведуваме нови правила. Потенцира, во Бугарија не е дозволен увоз на болнички отпад ниту од ЕУ ниту од трети земји, вели Димитров.
Според него, овие тврдења од Бугарската социјалистичка партија (БСП) создаваат само немир и психоза.
– Вие кренавте револуција, претставувајќи дека во Бугарија е сиот болнички отпад од светот. Не постои такво нешто. Освен тоа, ние ја засилуваме контролата. Треба да се воведе систем, потенцираше Димитров.