Љубоморна тетовка решила да му се одмазди на поранешното момче што се оженило со друга пријавувајќи го за малтретирање и силување, пишува Вест.
Според весникот, 21-годишната Б.Б. од тетовското село Јажинце минатиот месец во полиција пријавила дека поранешното момче, 27-годишниот А.Д. од Седларево ја тепал, ја чувал во штала за добиток, а дури и повеќе пати ја силувал.
Чудната приказна започнува откако тие ја завршиле љубовната врска. По неколку месеци Б.Б. го побарала за да и’ објасни зошто нивната врска прекинала и тој и рекол да се сретнат во Тетово. Откако се качиле во неговиот автомобил, заминале накај неговиот дом во Седларево. Пред да влезат во селото тој и’ кажал дека се оженил и дека сопругата му е дома. Потоа, тој ја однел во помошен објект крај неговата куќа, каде таа неколку дена седела тајно.
Потоа, заедно тие заминале на незаборавна авантура низ македонските градови.
Откако им завршила аферата, пишува Вест, тој и се вратил на сопругата, а таа ја подготвила својата слатка одмазда.
На 27-ми минатиот месец отишла во полиција, и раскажала дека тој ја грабнал со автомобил, ја чувал во штала со добиток неколку дена без да да и дава храна, туку само вода и храна за добитокот, а дури рекла дека неколку пати ја силувал.
Полицијата веднаш го повикала А.Д. но тој раскажал сосема различна приказна.
Подоцна, полицијата повторно ја викнала девојката која признала дека ја измислила целата приказна за силувањето.
Па, така несреќната девојка не успеа да му се одмазди, но затоа успеа да си заработи кривична пријава за лажно пријавување.