Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Турција, Галатасарај, повторно, но сега за време на зимскиот преоден рок, ќе се обиде да издејствува трансфер во редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.
Вечниот сон на искусниот играч за врска ќе стане реалност доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу обештетувањето кое сигурно нема да биде помало од 10 мил. фунти, а Снајде веќе има потврдено дека е подготвен да прифати и помала плата доколку добие дозвола да се пресели на “Олд Трафорд” за време на зимскиот преоден рок.
Поранешниот фудбалер на Ајакс, Реал (М) и Интер моментално има годишна плата од 4 мил. фунти, а е подготвен да прифати годишна плата од три милиони фунти доколку понудата е испратена од раководните лица на Манчестер Јунајтед.