
Авионот кој во понеделникот се урна во источната авганистанска покраина Газни, сѐ уште не е идентификуван и засега не е познато дали станува збор за патнички или воена авион, а според телевизијата TOLO News, би можело да станува збор за американски воен авион.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, идентификациските ознаки на десниот мотор од авионот укажуваат дека леталото им припаѓа на воздухопловните сили на САД. Но засега нема официјална потврда за автентичноста на снимката.
Телевизијата објави кадри од местото на уривањето, од кои според контурите на трупот се претпоставува дека станува збор за авион од типот „ Bombardier E-11“. Истовремено во извештајот се истакнува дека „нема официјална потврда дека ова видео е поврзано со авионската несреќа во Газни“.
Како што претходно објавија авганистанските медиуми, во понеделникот утрото патнички авион се урнал во централната покраина Газни, на територијата која е под контрола на радикалното движење Талибан.
Првично беше објавено дека авионот „ Boeing“ на воздухопловната компанија „Ariana Afghan Airlines“ со веројатно 83 патници се урнал во областа Дех Јак. Според телевизијата, во авионот кој летал од Херат кон Кабул веројатно имало 83 лица. Но воздухопловната компанија ја негира авионската несреќа во покраината Газни.
„Се случи авионска несреќа, но авионот не е на Ariana, бидејќи двата лета на конпанијата денеска од Херат и Кабул и од Херат до Делхи беа изведени безбедно“, изјавил за агенцијата Reuters извршниот директор на компанијата, Мирзаквал.
Владин извор во Кабул за телевизијата 1TVNews рекол дека „станува збор за воен авион и очигледно го коритстеле подизведувачите на коалициските сили“.
Претходно очевидци на инцидентот рекле дека локалните жители го извлекле телот на пилотот кој „бил странец“. Според некои непотврдени медиумски извештаи, во авионот би можело да има 15-ина лица.
Агенцијата Associated Press цитира американски воени извори, спроед кои се испитуваат извештаите за несреќата на авионот. Портпаролката на американската Централна команда, Бет Риордан, рече дека не е јасно чиј авион се урнал, одбивајќи да коментира дополнително.
Video shows wreckage allegedly of reported plane crashed in Ghazni. The markings on the plane bear a resemblance to those belonging to US Air Force. pic.twitter.com/RN5Huz9b40
— TOLOnews (@TOLOnews) January 27, 2020
تصویری از سقوط یک هواپیما در ولایت غزنی.
منابع رسمی تاکنون درستی این تصویر را تأیید نکرده اند. pic.twitter.com/v1wMerxaqf
— TOLOnews (@TOLOnews) January 27, 2020