Австралиски научници објавија во средадата дека успешно во лабораториски услови одгледале верзија на новиот сој коронавирус 2019-nCoV, што е првиот одлгедан вирус надвор од Кина, и рекоа ќе го споделат за Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и на научниците преимероци од коронавирусот со што ќе придонесе за побрзо развивање вакцина.
Истражувачкиот тим на Институтот Питер Доерти за инфекции и имунитет во Мелбурн соопшти дека ќе го сподели примерокот, кој го изолирале од заразен пациент, со СЗО и со лаборатории ширум светот.
„Ова е чекор напред, тоа е делче од сложувалката која ја составивме“, рече заменикот директорот на институтот Мајк Катон за медиумите, напоменувајќи дека ова откритие засега нема револуционерно да ја промени борбата против вирусот.
Вурусот, кој ги предизвикува симптоми слични на грип, се појави во кинескиот град Вухан во централната покраина Хубеи кон крајот на 2019 година. Од тогаш поголемиот дел од покраината, којашто има жители колку Италија, е во карантин. Сепак вирусот се прошири на многу азиски земји, во Австралија, САД, Канада, Франција и Германија.
Лабораторија во Кина веќе успешно го одгледа новиот сој коронавирус, меѓутоа објавија само секвенца од геномото на вирусот, забележува австралиската телевизија ABC.
Рејна Меклнтир, која води истражувачка програма за биобезбеднсот на Институтот Кирби, вели дека создавањето и делењето на примероците од вирусот ќе го забрза развојот на потенцијалните вакцини, бидејќи лековите ќе може да бидат тестирани на животните.
„Повеќе луѓе може да го култивираат вирусот, може да го користат сознание да развива лекови, вакцини и подобрано да ја карактеризираат природата на вирусот и начините на пренесување“, вели Меклнтур за Reuters.
Исто така, откритието на австралиските научници овозможува тест на антителата и детектирање на вирусот кај пациентите кои немаат симптоми, објави Институтот Доерти.
Институтот Питер Доерти е заедничка установа на Универзитетот Мелбурн и Кралската болница Мелбурн, додека Институтот Кирби делива во рамките на Универзитетот Нов Јужен Велс.
Вкупно 132 лица починаа во Кина од коронавирусот, а потврдени се 6012 случаи на заразарта, објавија кинеските власти во средата.
Во средата беше објавено дека Кина веќе ѝ предала на Русија од новиот коронатавирус, и според соопштението на генераллнито конзулат на Руската Федерација во Гаунжу, во јужната киенска покраина Гуандун, научниците од двете земји веќе започнале да развиваат вакцина.
„Кина ѝ го предаде на Русија геномот од вирусот, што им овозможи на нашите научнции во краток рок да развијат брзи тестотови кои овозможуваат да се идентификува вирусот во човековиот организам. Руските и кинеските експерти започаа да развиваат вакцина“, се истакнува во соопштението.