Ердоган ја обвини Русија дека не ги почитува договорите за Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Русија во моментов не ги исполнува своите обврски согласно договорите за Идлиб, што беа постигнати во Астана и Сочи, јавија руските медиуми.

– Во последните во Идлиб се интензивираа нападите од страна на режимот, кој има поддршка од Русија. Во моментов, Русија не го исполнува она што е договорено во Астана и Сочи. Нашето трпение се троши. И кажавме на Русија дека доколку не запре бомбардирањето, ние ќе го направиме она што сметаме дека е неопходно, рекол Ердоган а го цитираат руските медиуми.