
Американскиот претседател Доналд Трамп, нажестоко досега го нападна својот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, кој вели дека Трамп ја имал централната улога во наводно политички мотивираниот притисок врз Укранием, додека Сенатот се подготвува подоцна во средата да влезе во нова фаза од судењето на претседателот.
Започнива првиот од двата дена за поставување на прашањета од сенаторите за адвокатскиот тим на претседателот Доналд Трамп и демократските претставници од Претставничкиот дом на Конгресот кои ја имаат улогата на „тужители“ на судењето во постапката за отповикување на американскиот претседател.
Претседателот Трамп е обвинет за злоупотреба на овластувањата со тоа што наводно вршел притисок врз Украина да го истражи веројатниот негов против кандидат од Демократстака партија, поранешниот потпретседател Џо Бајден, на претседателските избори во ноември 2020 година. Трамп, според обвинувањето, барал од украинскиот претседател Владимир Зеленски да ја истражи улогата на Бајден во смената на поранешниот државен обивнител на Украина кој водел истрага за корупција за енергетската компанија „Burisma“ во чие раководство бил неговиот син Хантер Бајден, кој земал месечно по 50.000 долари, иако немал никаква врска ниту со состојбите во Украина, ниту со енергијата. Трамп, исто така, е обвинет и дека ја попречувал истрагата со оневозможување сведочења на персоналот на Белата куќа и прикривајќи докази.
По денешното испрашување, коешто запопчна во 19 часот по средноевропско време, подоцна седмицава ќе се гласа дали ќе бидат повика сведоци, вклучително и Болтон, како што бараат демократите. Републиканците во Сенатот досега ги одбиваа сведоците или наводните нови докази на судењето. Републиканските челници се надеваат дека целиот процес за импичмент ќе биде завршен за две седмици и оти Трамп ќе биде ослободен од обинувањата.
Челникот на републиканскот мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел, во вторникот на сенаторите им го кажал дека нема доволно гласови за блокирање на барањето на демократите за повикување на сведоците, според извештаите на некои медиуми, На демократите им се питребни четири републикански гласови за да имаат мнозинство за изгласување да се повикуваат сведоци.
Бидејќи демократите нема да може да го остварат неопходното двотретинско мнозинство во Сенатот за да го отповикаат Трамп, неговите противници се надеваат дека повикувањето на сведоци како Болтон би можеле да му нанесат штета на актуелниот претседател на изборите на 3-ти ноември.
По наводите за делови од книгата на Болтон во кој се напаѓа Трамп, претседателот на Twitter во средата го нападна поранешниот советник за кого му забележуваа дека е премногу радикален и воинствен. Трамп напиша дека Болтон пред неколку години кога не беше потврден за американски амбасадор во Обединетите нации, го „молел“ за функција за којашто не е потребна потврда од Сенатот.
Американскиот претседател напиша и дека, доколку го слушал Болтон, „досега би биле во шестата светска војна“. Додаде дека Болтон, кој тврди дека ја напуштил својата функција во Белата куќа а Трамп инсистира дека бил отпуштен во септември, „замина и ВЕДНАШ напишал гнасна и невистината книга“. „Сѐ доверлива национана безбедност. Кој тоа би го сторил“, прашува Трамп.
Во писмото на Советот за национална безбеднсот на Белата куќа испратено до адвокатот на Болтон, Чарсл Купер, кој бил на увид на агенцијата Reuters, се наведувало дека книгата содржи материјали кои се сметаат за „строго доверливи“, како и дека не може да биде објавена во сегашната форма.
Спротиставувајќи се на верзијата за настаните на Трамо, Болтон во сѐ уште необјавената книга напишал дека претседателот му кажал дека сака да го сопре исплаќањето на 391 милиони долари воена помош за Украина, додека Киев не поведе истрага за улогата на демократите, вклучително и за Бајден и неговиот син Хантер.
Ова обвинување од Болтон се совпаѓања со челнот од обвинувањето на демократите врз кој се темели барањето за импичментот на Трамп. Демократите тврдат дека Трамп ги злоупотребил своите овластувања овие средства, кои ги одобрил Конргесот, за да му се помогне на Киев во борбата со проруските сепаратисти, за да го нападне својот политички ривал. Тармп тврди дека привремено ја суспендирал исплатата имајќи ја предви корупцијата во земјата и барал истражување како таа помош се применува.
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој е инаку сојузника на Трамп, и натаму се спротиставува за носење сведоци на судењето, но истакна дека е „загрижен кога се напаѓа кредибилитетот на Болтон, бидејќи тоа ги зголемува шанските дека некои ќе сметаат дека тој треба да биде повикан како сведок“.
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој е инаку сојузника на Трамп, и натаму се спротиставува за носење сведоци на судењето, но истакна дека е „загрижен кога се напаѓа кредибилитетот на Болтон, бидејќи тоа ги зголемува шанските дека некои ќе сметаат дека тој треба да биде повикан како сведок“.