
Фудбалерите на мадридски Реал се пласираа во четврфиналето на шпанскиот Куп на кралот, откако во средата на гости со 4:0 ја декласираа Сарагоса.
Стрелци за „Кралевите“ беа Рафаел Варан во 6, Лукас Васкез во 32, Винисиус Жуниор во 72 и Карим Бензема во 80 минута.
Во другиот вечерашен дуел, Реал Сосиедад на домашен терен со 3:1 ја победи Осасусуна. Кај победниците двоен стрелец беше Александер Исак во 33 и 69,а еднаш погоди Мартин Едего во 61 минута, За осасуна стрелец беше Марк Кардона во 36 минута.
Виљаерал на гости беше подобар од второлигашот Рајо Ваљекано со 2:0, со головите на Фер Нињо во 83 и Санти Казорла во 85 минута.
Третолигашто Леонеса на својот терен ја намачи Валенсија. По 120 минути разултатот беше 0:0, а Валенсија мина во четвртфиналето по подоброто изведување на пеналите со 4:2.
Другите патници во четвртфиналето на шпанскиот национален куп ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите на третолигашто Бадахоз и Гранада, Барселона го пречекува Леганес, а второлигашот Мирандес е домаќин на Севилја.