
Околу 6.000 лица се зарабони во италијанскиот крузер додека се спроведуваат анализи и тестови над два патници од Кина за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирусот, изјави портпаролот на компанијата Коста Кросијер.
Парот пристигнал во Италија на 25 јануари, и истиот ден се качил на бродот Коста Смералда во пристаништето Савона. Потоа добиле покачена температура, а имаат и потешкотии со дишењето, јавува Ројтерс.
Според изјавата на портпаролот, на никого не му е дозволено да го напушти бродот додека не се утврди дали парот од Кина е заразен со смртоносниот вирус.