-0.2 C
Skopje
петок, јануари 3, 2025

Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ направи девастација на македонското општество во сите сфери

Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми кои што  се соочуваат во последните три години, рече денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Она што го зборуваме веќе во овој период континуирано тоа се покажува  и во средбите буквално со  сите оние кои што  се среќаваме. Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години. Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ буквално направи девастација на македонското општество,  буквално во сите сфери. Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието, истакна Јанушев.

Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка  во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа  ќе ја донесеме после 12 Априла обновата во Република Македонија, додава тој.