Ворен Бафет излегува од бизнисот со весници

Милијардерот Ворен Бафет одлучи да излезе од бизнисот со весниците и предвидува дека повеќето весници ќе продолжат да одат по удолнини, освен неколку национални весници, како што се New York Times и Wall Street Journal. Бафет ќе ги продаде сите изданија на компанијата Lee Enterprises за 140 милиони долари, вклучувајќи го и весникот Omaha World-Herald, кој излегува во Небраска, како и њујоршки Buffalo News, пренесуваат странски агенции.

Бафет, кој е обожавател на весници целиот живот, веќе неколку години предвидуваше дека повеќето од нив ќе продолжат да одат по удолнини, освен за неколку национални весници, како што се New York Times и Wall Street Journal.

Договорот за продажба опфаќа 30 дневни весници во 10 држави, како и 49 неделни весници со дигитални сајтови, и уште 32 други печатени производи. Според договорот, Lee Enterprises ќе влезе во десетгодишен закуп на недвижен имот на Berkshire Hathaway.

Весникот е мал дел од Berkshire Hathaway, кој поседува повеќе од 90 диверзифицирани компании и кој има огромни удели во компании како што се Coca Cola, Apple и Wells Fargo.

Портфолиото на изданијата Lee Enterprises ќе се зголеми на 81 дневни изданија, што речиси ќе го удвои неговиот сегашен обем на читатели, соопштија од компанијата. Договорот се очекува да биде склучен кон средината на март.