Ирачката армија денеска соопшти дека ги продолжува своите операции со коалициските сили предводени од САД против Исламска држава.
Операциите беа запрени по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и иранските напади врз бази во кои има американски сили.
– За да се искористи времето што и е преостанато на меѓународната коалиција пред да се воспостават нови односи … одлучено е да се спроведат заеднички акции што ќе им овозможат на нашите сили да се борат со Исламска држава, се вели во соопштението.