Македонската машка одбојкарска репрезентација дебитираше со победа во Европската лига, откако ја совлада на гости Австрија со 3:1 во сетови во рамките од Б групата.
Избраниците на селекторот Жарко Ристоски, одлично го отворија мечо, го добија првиот сет со 25:18, на домаќинот му припадна вториот – 25:21, а преостанатите два ги освоија „црвено-жолтите“ со 25:14 и со 25:20.
Двете селекции ќе се сретнат уште еднаш вечерва (20,15 часот) исто така во Грац.
Во групата се уште Турција, Словенија и Данска, а групата А ја сочинуваат Полска, Грција, Црна Гора, Романија и Азербејџан. По натпреварите по групи двете најуспешни селекции ќе играат во полуфиналето во два меча дома и на гости.