
Двајца пациенти во Англија, кои се членови на исто семејство, се заразени со новиот коронавирус. Пациентите примаат специјалистичка нега, а лекарите користат испробани и тестирани процедури за контрола на инфекции за да го спречат понатамошното ширење на вирусот, рекоа властите.
„Ние се подготвувавме за случаи со новиот коронавирус во Велика Британија и имаме моќни мерки за контрола на инфекции, кои се воведени веднаш. Продолжуваме тесно да соработуваме со Светската здравствена организација и меѓународната заедница како што се развива епидемијата во Кина за да се осигураме дека сме подготвени за сите опции“, рече Вити.
Во меѓувреме, Франција го потврди шестиот случај на зараза со коронавирусот и првото пренесување од човек на човек. И во Италија се појавија првите двајца заразени.
Досега има 213 починати во Кина и официјално потврден број од речиси 9.100 заразени. Бројот на заразените луѓе со овој вирус во другите земји во светот е 130.
Светската здравствена организација синоќа прогласи светска вонредна состојба.