
Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
-Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра. Шилегов е градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра. Дали ова задолжување не се пари за нов криминал пред изборите? Дали овие пари ќе завршат за финансирање на кампања и предизборен поткуп? Дали со ова Шилегов ги уништува со долгови јавните претпријатија-прашуваат советниците.
Тие обвинуваат дека Шилегов станува копија на криминалите на Зоран Заев.