Владата исполнила само 10 проценти од барањата на инвеститорите

Само 10 проценти од барањата на Советот на странски инвеститори кои лани ги адресираа до Владата се исполнети, на 50 проценти се работат, а за останатите се преговара.

Цел владин економски тим денеска е на средба со околу 130 странски инвеститори во земјава да ги слушнат нивните забелешки и барања, пред да ги објават во официјалниот документ Белата книга.