
Денеска остварив средба со вработените од Центарот за социјални работи во Кичево. Ситуацијата е алармантна земајќи во обѕир дека сите едногласно зборуваат за измените на законот со коишто се врши спојување на ПРАВА и УСЛУГИ во т.н. case management. Имено сите зборуваат дека обуките не биле извршени во таа насока т.е. спојување на права и услуги туку спојување на посебните категории поединечно, напиша министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на Фејсбук.
-Дополнително се закануваат и со откази, говорат дека системот ќе биде сосема блокиран и дисфункционален. Не би требало да ги користиме изборните процеси само за да промовираме мерки на некој министер. Доколку мерката е дисфункционална и ќе доведе до закочување на системот, треба да го гледаме правото на граѓаните и да ги ослободиме од дисфункција самите вработени во центрите, додава Мизрахи.