Франција се враќа во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на западен Балкан

Франција се враќа како активен партнер на Регионалниот совет за соработка (РСС) и таа одлука била донесена во рамките на новата стратегија за западен Балкан што минатата година ја усвоил претседателот Емануел Макрон, соопшти во петокот Спветот.

Одлуката за ова и била соопштена на генералната секретарка Мајлинда Брегу на денешниот состанок во Берлин на високо ниво, во рамките на француско-германската иницијатива за контрола на малокалибарското и лесното оружје, со која претседаваа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дријан.

„Подготвени сме да учествуваме во работите на РСС посебно во областите на инвестициите, поврзувањето и безбедноста“ на западен Балкан“, соопштил Ле Дријан.

Франција го напушти активното учество во РСС во 2014 година.