
Обединетото Кралство на полноќ, односно во 23 часот во петокот по локално време, ја напушти Европската унија, со славње на заговорниците на процесот познат како брегзит.
Велика Британија, така, стана првата земја членка во историјата на Европска унија којашто ја напушти оваа заедница која сега има 27 членки. Европската унија досега никогаш не загуби некоја своја членка, туку постојано се ширеше.
„Најважната работа која треба да се каже ноќва е дека ова не е крај туку почеток. Ова е моментот кога зазорува и се крева завесата во новиот чин од нашата голема национална драма“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
„Вечерва ја напуштаме Европската унија. За многумина тоа е восхитувачки момент на надеж, момент за кој мослеа дека никогаш нема да дојде“, започна Џонсон во своето обраќање потсетувајќи дека има и такви кои чувствуваат „загуба и непријатност“ а најмногу од оние „кои започнаа да се грижат дека политичките аквги никогаш нема да завршат“.
„Нашата работе како владе е сега да ја обединиме земјата и да ја поведеме напред. Британија истовремено е и голема европска сила, но и вистинска глобална во своите амбиции и досегот“, рече уште Џонсон и истакна дека Обединетото Кралство „сака ова да биде нов период на пријателска соработка меѓу ЕУ и енергичната Британија“.
Европската унија, без оглед на своите квалитети, „во текот на 50 години се развиваа во насоката којашто повеќе не ѝ одговараше на оваа земја“, а тоа британскиот народ го оцени на гласањата, посочи британскиот премиер. „Го послушавме народот и ги земавме назад инструментите на самоуправата“, заклучи Џонсон.
Избирачите во Обединетото Кралство одлучија да ја напуштат Европската унија на референдумот одржан на 23-ти јуни 2016 година со мнозинство од 51,89 отсто наспроти 48,11 отсто. Тогашната британска премирека Тереза Меј во март 2017 година според членот 50 од Договорот за ЕУ формално го покрана процесот на истапување од Унијата, по што започнаа сложените преговори кои првично требаше да се завршат со раздружувањето на полноќ на 29-ти марти 2019 година.
Таквиот раскол во општеството не мина без последици. Брегзитот, сѐ уште не остварен предизвика смена на двајца премиера, десетици згаснати политички кариери и финансиски загуби. Решавачкиот момент во случајот на брегзитот кој траеше три и пол години, беа неодамнешните парламентарни избори на коишто Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, жесток поборник на брегзитот, оствари историски надмоќна победа. Потоа договорот за истапувањетo постигнат со ЕУ без проблеми ги мина етапите на одобрување во парламентот и по две одложувања, брегзитот конечно стапи на сила.
Првата верзија на договорот за раздружувањето, кој Брисел го склучи со Тереза Меј, беше трипати отфрлан во парламентот во Лондон, поради што и датумот за брегзитот двапати беше одложуван. Нејзиниот наследник Борис Џонсон постигна нов договор со Брисел кон средината на октомври 2019 година. По новото одложување на датумот за излегувањето на 31-ви јануари 2020 година, на вонреддните избори „Ториевците“ го добија неопходното стабилно мнозинство кои конечно го овозможи ратификувањет на Договорот за повлекување.
Џонсон и челниците на ЕУ на 24-ти јануари потпишаа договор за излегувањето, а ЕВропскиот парламент го потврди пред два дена на 29-ти јануари. Договорот за раздружувањето предвидува преоден период до 31-ви декември, до кога двете страни треба да ги усогласат идните односи, особено трговските. До тогаш Британија ќе ги применува прописите на ЕУ, но веќе нема да има право на глас.
Обединетото Кралство во 1973 година се придружи на тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), од којашто настана денешната Европска унија,, а веќе во 1975 година во оваа земја беше одржан референдум за членството во заедницата на којшто за разлика од овој пред три и пол години, две третини од Британците беа за останувањето во ЕЕЗ,