
Бројот на заразените во Кина со пневмонија предизвикана од новиот сој коронавирус 2019-nCoV во саботата по локално време се зголемил над 11.100 пациенти, а починале 258 луѓе, пренесуваат тамошните електронски медиуми повикувајќи се на властите на централната покраина Хубеи.
Дваесет и часа претходно, во петокот утрото по локално време, национаниот Комитет за хугиена и здравствена заштита, информираше за 9.692 заразени и 213 починати.
Само во последното деноноќие во Хубеи биле регистрирани нови 1.347 случаи на инфекција, 45 смртни исходи, а 50 лица биле отпуштени од болниците.
Според ажирураните податоци, на прво место според борјот на заразени и натаму е покраината Хубеи, повеќе од 7.100 заболени и 249 починати, и административниот центар на покраината градот Вухан, чиј пазар за морска храна на кој се продавале илегално и диви животни, се смета за епицентар на епидемијата. Таму 166 пациенти се отпуштени се од болниците.
Следат покраините Чеџијанг со 537 заболени, Гуангоднг со 436 заразени и Хенан каде што се регистрирани 352 случаи и двајца починати.
Во Пекинг се потврдени 139 инфицирани и еден починат пациент, а во покраината о Хајлонгјанг, која граничи со Русија која во петокот ги пријави првите два случаи на зараза, потврдени се 59 забоелни од кои двајца починале.
Меѓу регионите во континентална Кина, во кои се регистрирани најмалку случаи на зараза се Тибетската автономна област, во покраините Чингхаи, Гуижу и Чилин, како и во автономниот Синџијанг-ујгрускиот регион. Случаи на појава на коронавирусот се забележани во сите главни територијални единици на земјата.