Во големото градско дерби во Мадрид во рамките на 22-то коло од шпанското фудбалско првенство Реал минимално со 1:0 го победи Атлетико и го зголеми водството на табелата.
Победничкиот погодок го постигна во 56 минута Карим Бензема на додавање на Менди. Овој погодок на францискиот напаѓач му ја донесе на Реал првата домашна победа над Атлетико по дури осум години. Истовремено ова е првиот гол на Бензема во мрежата на лутиот градски ривал во одиграните 16 дуели. Овој меч, исто така, се разликуваше од другите, затоа што првиот жолт картон беше покажан дури во 69 минута, а вкупно на дуелот беа покажани четори.
Екипата на Диего Сименоне, пак, не може да постигне победа над Реал во регуларните 90 минути од мадридското дерби во сезоната 2016/17 кога Атлетико беше подобар со 2:1, во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, што сепак не му овозможи да да се пласира во финалето. На 15-ти август 2018 година Атлетико го совлада Реал Мадрид во продолженијата со 4:2 во Суперкупот на УЕФА.
Реал со четирите последователни победи и натаму е на врвот на првенствената табела со 49 бодови, веќе шест повеќе од Барселона која има меч помалку. Атлетико падна на петтата позиција со 36 бодови и е во голема криза петти дуел со ред е без победа и со само еден постигнат гол кога беше елиминиран во купот од третолигашот Лионесе.
Во првиот саботен дуел Гранада на свој терен со пресврт оствари победа над Еспањол. Гостите од Барселона поведоа во 27 минута преку Раул де Томас кој реализираше пенал, а потоа на сцената стапија Дарвин Мачис во 38 и Карлос Фернандез во 46 минута.
Грандата моментално е на 10-то место со 30 бодови, а Еспањол е последен 20-ти со 15 бодови, четири помалку од позицијата која обезбедува опстанок, но сите екипи пред него имаат и натпревар помалку.