Канзас и Сан Франциско ќе ограат во 54-от Супербол

02 February 2020. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Доцна ноќта кон понеделникот во Мајами се очекува вистински спектакл во кој ќе се судрат хокеарите на Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49ерс, кои се борат за титулата во 54-от Супербол.

Американското здружение на трговци пресметало дека секој Американец, покрај Супербол, ќе потроши 63 и 87 центи за храна, пијалоци, технологија и спортска опрема. Дури 48 милиони Американци ќе нарачаат храна од ресторан за време на натпреварот, 12 милиони ќе гледаат во кафулиња.

Да, тоа е Супербоул, натпревар по кој Американците се тотално луди. Мажите за натпреварот, жените поради рекламите за време на дуелот. Бидејќи, ако не сте знаеле, најдобрите реклами се вртат токму за време на Супербол. Цена? Ситница. Треба да платите 5,5 милиони долари за реклама од триесет секунди, што е најскапата тарифа досега.

За време на првиот Супербол во 1967 година, триесет секунди реклама чинеше „мизерни“ 42.000 американски долари. Од 1980 до 1995 година, трошоците за рекламирање се зголемија за пет пати, а во 1995 година за прв пат ја премина границата од 1 милион американски долари. Пет години подоцна, тоа веќе беше 2 милиони долари.

На теренот ќе се сретнат Канзас Сити, кој го освои единствениот Супербол во 1969 година и Сан Франциско 49-ерс, кои го освоија овој трофеј пет пати. Единствените два тима што победиле шест пати се Њу Ингланд патриотс и Питсбург Стилерс.
Натпреварот се игра во Мајами, кој, како што велат Американците, ќе направи 700 милиони долари од натпреварот. Сосема солидно за една ноќ