Најмалку 20 луѓе загинале а уште 16 други се повредени во стампедото кои се случило во текот на литургија на стадион во северна Танзанија, соопштија во неделата тамошните власти.
Неколку стотици лица се собрале во саботата на стадионот во градот Моши, во близина на падините на Килиманџаро, за да бидат помазани со „светото масло“.
„Дваесет лица загинале, а 16 се повредени во инцидентот. Стампедото настанало кога верниците нагрнале да бидат помазани со светото масло“, изјавил началникот на општината Моши, Капи Вариоба за Reuters и додал дека меѓу загинатите се пет деца.
Властите стравуваат дека бројот на настраданите е поголем, бидејќи масата луѓе била голема и фактот дека стампедото се случило во текот на ноќта.
„Инцидентот се случил ноќно време и имало многу луѓе, така што постои можност да дознаеме за нови жртви. Сѐ уште ја проценуваме ситуацијата“, додал Вариоба.
Очевидци за агенцијата рекле дека глетката била застрашувачка и оти верниците „безмилосно газеле едни преку други“.
Пасторот Бонифаче Мвампоса, кој се прогласи за апостол, собира околу себе многу луѓе на своите собири со ветувања за преосперитет и оти ќе ги излекува верниците кои одат по она што тој го нарекува „свето масло“.
Во последниот период се појавуваат сѐ повеќе пастори во Танзанија кои ветуваат извлекување од сиромаштијата и излекувања од тешките болести. Десетици луѓе се припадници на Пентакосната црква, чиј главен извор на приход е десетина од приходите на верниците.