Ал Каеда ја презема одговорноста за нападот во базата на Флорида

Радикалната исламистичка мрежа Ал Каеда на арапскиот полуостров (AQPA) ја презема одговорноста за нападот на почетокот од декември во американската воена база во Пенсакола, на Флорида, кога беа убиени тројца морнари, објави во неделата американскиот центар за следење на исламистичките мрежни страници SITE.

Агенција Reuters ја пренесува истата информација, повикувајќи се на аудио-снимка на исламисите. Притоа се наведува дека терористичката група не доставила никакви докази за своето тврдење.

„Во аудио-снимката на нејзиниот водач, Касим ал-Рими, AQPA ја презема одговорноста за нападот во декември 2019 година во поморско-воздухопловната база во Пенаскола“, се наведув во соопштението на SITE.

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) во својата истрага утврдила дека потполковникот на саудиското воено воздухопловство, 21-годишниот Мухамед Саид ал-Шамрани, дејствувал сам на 6-ти декември во нападот во американската морнаричка база на Флорида, пред да биде убиен од полицијата.

Ал-Шамрани бил на воена обука во САД и со огнено оружје уби тројца и рани уште седум лица, од кои двајца полицајци. Веднаш потоа, директорот за контраразузнавање и безбедност, Хари Рид, изјави дека Пентагон ги проверил сите питомци од Саудиска Арабија и не нашле „непосредна закана“.

Пред нападот ал-ШАмрани објавил непријателски пораки за САД пишувајќи на Twittter „Му се спротиставувам на злото, а цела Америка се преворила во земја на злото (…) Не сум против вас само затоа што сте Американци, не ве мразам поради вашите слободи, ве мразам бидејќи секој ден ги поддржувате, финансирате и правите злосторства не само над муслиманите, туку и над целото човештво“.

Нападот ја загрози програмата која опфаќа и продажба на американско оружје на Саудиска Арабија во износ од повеќе милијарди долари и ја доведе во непријатна ситуација саудиската монархија, обременета и со обвинувањата за ликвидацијата на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот во Истанбул една година претходно.

Во САД секоја година на обука минуваат околу 850 Саудијци, меѓу 5.000 странски војници. Во базата во Пенскола во коај се сместени повеќе од 16.000 војници, а работата над 7.000 цивили, американската морнарица изведува програми за обука на војнциите од сојузничките земји.