Новата методологија на ЕУ разочарувачка за Македонија

Брисел се подготвува да ги изневери Македонија и Албанија со тоа што ќе им ги даде на земјите-членки посилни овластувања за вето за започнување и запирање на разговорите за членство во ЕУ.

Како што се прошируваат поделбите околу процесот за пристапување во ЕУ, Европската комисија се обидува да ги залечи раните и со новиот план да им даде на  Скопје и Тирана зелено светло за преговори за членство. Нацрт-документот, поттикнат од обидите предводени од Франција да ги запре државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ, ја постави основата за следниот аргумент за иднината на блокот. Комисијата е подготвена да ги прифати „силните повици“ во обид да ги убеди земјите-членки да ги следат ветувањата за проширување, објави британски Експрес.

Шефот на ЕУ, Урсула фон дер Лејен ги наведе разговорите за пристапување на Македонија и Албанија како приоритет на нејзиното раководство, додека нејзините претходници, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, ја опишаа блокадата на Емануел Макрон минатата година како „тешка грешка“.

Нацрт-документот кој треба да се објави оваа недела, содржи список на барања што блокот ги бара од своите апликанти за Западен Балкан.

Исто така се наведуваат и последиците ако двете држави не ги исполнат тестовите утврдени од лидерите на ЕУ како дел од преговорите за членство.

Идните разговори може да бидат ставени во мирување или суспендирани како казна за неисполнување на очекувањата на ЕУ, според планот.

Но, во обид да не ги остават Македонија и Албанија премногу очајни, на земјите може да им се даде дополнителен мотив.

Наградите вклучуваат дополнителни средства и поблиска интеграција со политиката на ЕУ, пазарите и програми во области каде што може да се направат.

Франција предизвика бес во октомври со заклучување на почетокот на разговорите за пристап, со поддршка на Холандија и Данска.

Париз тврдеше дека државите не сториле доволно за да ја намалат корупцијата, да го зајакнат владеење на правото.

Евроскептиците во Македонија сега тврдат дека ЕУ ја изневерила земјата откако ги исполнила барањата на блокот, вклучително и промена на името, за да се реши долготрајниот спор со Грција, пишува Експрес.