
Миграциите не се емотивно или политичко прашање, туку правно, а Европа ја заборавила таа лекција, изјави денеска портпаролот на унгарската Влада за меѓународни односи и комуникации, Золтан Ковач.
Тој по посетата на американско-мексиканската граница истакна дека физичките бариери на границата и апсењата на илегалните мигранти постојат со децении.
– И Европа има граници, пред се шенгенска граница. Границите постојат за луѓето кои ги минуваат да ги почитуваат сите закони, нагласи Ковач, додавајќи дека границите мора да се заштитат.