
По краток застој поради снежните врнежи, особено за тешките товарни возила, нормализиран е сообраќајот на превојот Плетвар за сите видови возила.
Според Љупчо Блажески, раководител на пунктот Плетвар на „Македонија пат“ застојот настанал по 16 часот кога поминувала државна делегација.
-Тогаш проблем беше запрените, особено тешки товарни возила, да се стават веднаш во сообраќај, па мораше дополнително да се фрла сол“, изјави Блажески.
Возачите на запрените тешки товарни возила чија колона беше долга до влезот на градот, изјавија дека околу половина час чекаа за да им биде дозволено од полицијата да поминат. Дури имало и некој превртен камион.
Сега сообраќајот е нормализиран во двата правци за сите видови возила и се одива во снежни услви.
–Нема никаков застој во сообраќајот кој се одвива во двата правци за сите видови возила. Постројано врне снег, го има на коловозот, но екипите перманентно чистат и механизацијата е на располагање. Така ќе биде и во текот на ноќта, објаснува Блажески.
Според надлежните, „Македонија пат“ имаат доволно механизација и средства да го одржувата коловозот на превојот Плетвар.