Падна романската влада

Владата на романскиот Лудовик Орбан падна по три  месеца, откако ѝ беше изгласана недоверба на изјаснувањето во парламентот што го бараше опозицијата.

Пратениците со 261 глас „за“ и 139 гласа „против“ ја турнаа малцинската центристичка валда порад предлог-законот за реформите на изборниот систем.

Лудовик Орбан, кој е челник на Либералната партија (PNL), мината седмица го услови своето опстојување на премиерската позиција со предлог-законот, што не е невообичаена практика во Романија.

Неговата влада дојде на власт ланскиот ноември, откако владејачката Социјалдемократска партија (PSD) го загуби мнозинството во парламентот. Сега парламентот има два обида во текот на 60 дена да избере нов премиер или ќе се оди на предвемени избори.

Политичките коментатори во земјата велат дека падот од владата оди во пролог на Орбан и на нековиот клучен сојузник, претседателот Клаус Јијанис, кои сакаат избори за да го искористат порастот на популарнсота на PNL.

Имено, партијата на Орбан сега има удвоена ппопуларност во однос на периодот пред парламентарните избори во 2016 година и сега ја поддржуваат 47 отсто од избирачите, во однос на 20 отсто поддршка за социјалдемократите.