Бразил: Судир на полицијата и штрајкувачите во Сао Паоло

Полицијата во Сао Паоло се судри со вработените во метрото кои веќе втор ден штрајкуваат барајќи зголемени плати, што предизвика хаос во сообраќајот. Речиси половина од метро-станиците се затворени, а улиците се блокирани во најголемиот бразилски град кој ќе биде домаќин на отворањето на Светското фудбласко првенство во четврток, јавува Би-Би-Си.

Вработените во метрото бараат зголемена плата најмалку за 10 отсто.Новата рунда преговори не дадоа резултати и штрајкот ќе биде продолжен.Полицијата употреби солзавец и пендараци против штрајкувачи пред станицата Ана Роса во центарот на Сао Паоло.

Портпаролот на воената полиција изјави дека полицијаците интервенирале по избивањето на судирите меѓу штрајкувачи и патници кои се обидувале да дојдат до станицата.